Бангкок, градот што во глобални рамки е познат по своите мегабордели, буквално тоне поради кражба на подземни води од страна на бордели што ги користат за еротска масажа.

Полицијата неодамна пронашла докази дека салонот наречен „Викторија сикрет“ краде подземни води со цел да го избегне плаќањето на сметките за вода од градскиот водовод, пренесува „Сан“.

Официјални претставници од организациите за заштита на животната средина велат дека ваквата практика го загрозува опстанокот на Бангкок бидејќи градот е изграден на брегот на реката Чао Праја, а под него има голем број подземни текови.

Експертите предупредуваат дека градот може да потоне до 2030 година претежно поради зголемувањето на нивото на морето и црпењето вода од земјата на кое се наоѓа, што ќе предизвика снижување на земјиштето и намалување на нивото на градот.

Во тек е инспекција на 40 салони за еротска масажа – големи бордели со неколку десетици приватни бањи, во кои клиентите добиваат сексуални услуги.

Полицијата како докази собирала примероци од водата.