Еден бизарен момент на “зомби месо” бил снимен во еден ресторан на Флорида. На видеото се гледа како парче сирово месо започнува да се движи пред да падне на подот.
Снимката собрала дури 8 милиони прегледи за само две недели, откако била објавена на Фејсбук, а по нејзината објава се појавиле разни теории за тоа што се случило.
Некои тврдат дека станува збор за лажна снимка и дека парчето месо е закачено и придвижувано со помош на тенок конец, додека други тврдат дека нервите во месото можат да останат и да продолжат да се мрдаат.