Вистина е дека кучињата изгледа имаат шесто сетило, а доказ за тоа е и оваа приказна која сите ги остави во шок.
Оовј случај кој доаѓа од Кина има среќен крај, а почнува кога еден сопственик на куче го однел во шума на прошетка, а кучето таму намирисало нешто чудно и почнало да се врти околу едно место и да лае.
Иако на почетокот сопственикот не мислел дека се работи за нешто сериозно, потоа сфатил дека неговото куче спасило живот.
Сопственикот почнал да копа, па открил дека некој во земјата закопал живо бебенце. Тоа брзо било транспортирано во болница, и така му го спасиле животот.
Бебето било старо месец ипол и било болно.