Поранешниот министер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески само два дена остана во притвор во „Шутка“, каде беше нападнат, при што беше донесена одлука повторно да се врати во куќен притвор.
Јанакиески беше вратен во притвор, поради судењето кое се очекува на 15-ти март, каде тој е осомничен како еден од главните организатори на „27-ми април“, кога во Собранието беа нападнати пратеници.
Прашањето кое се поставува е дали Миле Јанакиески ќе остане во куќен притвор и ќе го чека судењето или ќе се обиде како и поранешниот премиер Никола Груевски да избега од државата и да побара политички азил.
Дали за ова ќе има и „помош“ од луѓето на власт, независно дали од кадар на ДУИ или СДСМ и дали некој се обидува да му наштети на Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи, кој повторно би бил главен виновник во јавноста, иако во пракса е сосема друго. МВР не смее да ги следи 24 часа луѓето во домашен притвор, доколку за тоа нема директна наредба од Судот.
Во моментот Оливер Спасовски ужива голема поддршка во редовите на СДСМ и членството на владејачката партија, поради што и МВР честопати на повеќе анкети беше покажано како министерство во кое граѓаните имаат најголема доверба.
-Миле Че на чекор од бегство. Инцидентот кој се случил со Спиро Ристовски е исцениран, а сега следува и негово бегство пред 15-ти март, кога ќе има пресуда за „27-ми април“. Со неговото бегство ќе заврши и кариерата на Оливер Спасовски, кој ќе го прогласат за неспособен да чува притвореници на домашна нега“, е објавата на Зоран Божиновски, која дополнително ја заинтересира јавноста.
Дали навистина некој го „мести“ Оливер Спасовски и со која цел, некој од блиските соработници или коалициски партнери. Прашања чии одговори ќе се дознаат набрзо, особено дали тврдењето на Божиновски е вистинито или пак само шпекулација. До 15-ти март, многу работи ќе се разјаснат.