Било обично попладне, баш како и секое друго, кога Ева слушнала дека некој е на вратата. Отворила и го видела синот и снаата, а во нивните раце и најубавото нешто што го видела некогаш во животот.
Не само што и се вратил синот, кого не го видела со месеци, туку и прв пат ја видела својата мала внука. Ева станала баба, и паѓаа солзи радосници.
Нејзиниот син Дони и неговата жена Миранда, работат за Американската армија и стационирани се во војната база на Хаваи.
Бидејќи парот не можел да има деца, одлучиле да посвојат. Документите за посвојување ги дале на почетокот на претходната година, а околу исходот на нивната молба, Дони не сакал ништо да и каже на мајка му.
Посвоиле малечко девојче, на кое му го дадоа името Мелиса Феит, а ја викаат Лили.
– Не сакавме да зборуваме ништо, затоа што постапката за посвојување беше доста неизвесна. Кога Лили стана наша ќерка, заклучивме дека тоа не е вест да се каже преку телефон, изјавила Миранда.
Цели 10 дена пред одењето на годишен одмор, Дони криел од својата мајка дека станал татко. Не сакал да и каже преку телефон дека станала баба. Само и кажал дека тој и Миранда, ке дојдат кај нејзе во посета и ќе останат неколку дена.
Нејзината реакција кога ја виде внуката покажува колку долго сакала да стане баба.