Македонската ракометна селекција денес на ЕП го има најсериозниот тест, а противникот е актуелнит европски првак Германија.

Нашиот селектор Раул Гоназлез пред пресметката со „панцирите“ истакна дека е свесен за нивниот квалитет иако ќе бараме шанса за изненадување.

„Треба добро да се фокусираме на Германија, тоа е тим за кој мислам дека со сигурност ќе игра во полуфинале најмалку. Имат квалитет, но ние имаме шанса иако мислам дека ќе биде многу тешко. Ние сме уморни, но треба да се обидеме да одиграме како на претходните два дуели, како знаеме и умееме, па ќе видиме. Што се однесува до мене јас сакам да играм секој ден, се до финале“, изјави Гонзалез.

Извор: спортклуб.мк