6 C
Skopje
петок, декември 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Голема бела ајкула забележана во Медитеранот првпат по 30 години

    Поморски истражувачи, за првпат по 30 години, во Средоземното Море забележале огромен примерок од голема бела ајкула, вид познат по нападите врз луѓе.

    Научниците од шпанскиот истражувачки центар „Алнитак“ големата бела ајкула ја забележале на околу 12 километри од брегот на островот Кабрера, јужно од Мајорка, во Балеарското Море.

    Во експедицијата на бродот „Тофтеваг“ учествувале 10 научници од пет земји, а ајкулaта ја фотографирал биологот и фотограф Фернандо Лопез Миронеш. Ајкулата долга пет метри била забележана на 28 јуни во 10 часот по локално време, пренесе „Дојче Веле“.

    Откритието го направил директорот на „Алнитак“, Рикардо Сагармињага.

    „Во последниве години имало случаи, кои не се потврдени, кога наводно била видена бела ајкула, но ова е прва научна потврда за присуството на бели ајкули во шпански територијални води во последните 30 години“, напиша Сагармињага во објавата на фејсбук.

    „Присуството на големи бели ајкули во шпанските води беше постојана гласина“, додаваат од „Алнитак“. Локалните весници го нарекоа овој случај историски.

    Со ова откритие и официјално е потврдено дека големата бела ајкула е еден од 46-те видови ајкули, присутни во водите на Медитеранот. Сепак, најчестиот вид на ајкула во овие води е сината, која не напаѓа луѓе. Иако нападите на ајкули врз луѓе се ретки, овие морски животни од 1900 година нападнале повеќе од 200 луѓе во Медитеранот, а над 50 лица го загубиле животот во вакви инциденти.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.