Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е уапсен за настаните на 27 април и упадот во Собранието.
Покрај Вељаноски уапсени се и поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Извори од истрагата потврдија дека се трага по уште две лица кои се во бегство, Никола Груевски кој е во Будимпешта и Никола Бошковски, кој пак е во Атина.
Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.