Голден Стејт со Кевин Дурент делува застрашувачки. Моќта на шампионот од 2015 година во првиот претсезонски натпревар ја почувствува тимот на ЛА Клиперс, кој во Оракл арена загуби со 120-75.
https://www.youtube.com/watch?v=g2faFUncgzg
Петорката од која се тресе кошаркарскиот свет: Кари-Томпсон-Дурент-Грин-Пачулија, на Клиперси во првото полувреме им испорача 71 поен и оствари разлика од 38 поени. На крајот Голден Стејт постигна 120 поени, а стартната петорка, која мина 20-тина минути на теренот, постигна 74 поени.
Клеј Томпсон реализира 30 поени (10/14 шут од поле), Кевин Дурент својот прв натпревар за Голден Стејт го заврши со 21 кош, а Стеф Кари имаше учинок од 14 поени и пет асистенции.
На спротивната страна ударната тројка на Клиперси: Крис Пол-Деандре Џордан-Блејк Грифин постигна скромни 11 поени.