„Sunshine Coast Snake Catchers 24/7″,екипа ловци на змии од Австралија, ги стави своите следбеници на Фејсбук пред нов предизвик – пронајди ја змијата на фотографијата.
Ретко кој може да ја воочи змијата на фотографијата, некои долго гледале и на крајот се откажале. Можете ли вие да ја пронајдете.
Тие се екипа кои луѓето ги викаат кога во своја близина ќе пронајдат змија. Тие ја фаќаат и ја враќаат во природа.
-Им честитаме на сите кои ја воочија Дрската мала „Brown Tree Snake” одлчила дека тоа е добро место да се сокрие. Ова е ноќен вид на змија и обично се кријат во текот на денот за да избегнат дневни предатори – напишале на Фејсбук.