Шерил од Австралија знаела дека нешто се случува, но таа не знаела дека тоа ќе и го скрши срцето.
Таа го видела својот три годишен син Вилијам како нежно го прегрнува и му шепоти на неговиот помлад брат Томас.
Вилијам ја ставил раката на образот на својот помал брат и му шепотел: „Твојот постар брат е тука се е во ред„
Томас е роден со раничка на раката за која мислеле дека е белег, меѓутоа на шест недели, лекарите пронашле грутка во стомакот. Се покажало дека има туморот на бубрезите.
Со операција го отстраниле бубрегот, по што лекарите дијагностицирале дека тоа е редок и агресивен вид на рак, Rhabdoid тумор, кој е најчест кај бебињата и малите деца. Само 25 случаи годишно се евидентираат во цела Америка.
Само 30 проценти од пациентите имаат шанса да ја победат болеста, и се уште не е утврден третман за него. Затоа, Шерил, нејзиниот сопруг Џон и малиот Вилијам го поминуваат секој момент со Томас.
– Моето срце е скршено, секој пат кога Томас се насмевнува, бидејќи знам колку ќе ми недостига таа насмевка еден ден. И кога мислам дека повеќе не можам да издржам веќе, гледам во неговото лице,дека е во неподносливи болки, и мислам дека и јас ќе умрам. Се будам со надеж дека сето ова е само еден лош сон, а потоа го гледам Томас во болка, и знам дека не е , за жал. Секоја вечер може само да се молам дека тоа не е нашата последна заедничка ноќ- раскажала Шерил.