Како е смислена шемата за извлекување пари за наводните проекти на Бојан Јовановски, преку авторски хонорари и директни исплати, пишува Георски за Плусинфо.
Кои се лицата замешани или злоупотребени во оваа шема? Каков е нивниот политички бекграунд? Читајте, овој пат без псевдоними, туку со имиња и презимиња! Со документи!
Сѐ повеќе и сѐ погласно се зборува дека невладината организација на Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, Меѓународен сојуз, неизбежно мора да биде опфатена со истрагата за делата за кои е осомничен Јовановски – рекет, изнудување и перење пари. Моите сознанија, што ќе ги пласирам во овој напис, се дека оваа невладина организација е искористена како покритие за активностите за кои е осомничен популарниот Боки 13-ка.
Во овој текст нема да има псевдоними и измислени имиња. Напоменувам дека како и до сега, така и во овој момент сѐ уште, ниту еден од личностите што ги именувам не ги доведувам во врска со измислените ликови Коки, Фрики, Кики и другите, од моите поранешни фикциски, а сепак вистинити приказни. Нагласувам дека секое самопрепознавање или препознавање е лична одговорност на оние што ќе се самопрепознаат или ќе доведат во врска некои од ликовите за кои пишувам во овој текст со псевдонимите од моите поранешни приказни.
НВО со тешка „артилериска“ поддршка
Ако ги прочита човек целите на Меѓународниот сојуз на нивниот веб-сајт, кој сѐ уште е активен, ќе рече – ништо посебно. Има многу невладини организации кои се занимаваат со општествено најранливите и маргинализирани групи граѓани: децата на улица, бездомниците, граѓаните кои живеат во исклучителен социјален ризик и сиромаштија. Но, Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, сепак, не е обична НВО. Таа веднаш стартува со „тешка артилерија“ како поддршка, вклучувајќи ја и потпретседателката на Сојузот, Фросина Ременски, која сега е и потпретседателка на парламентот.
Погледнете го видеото од основачкото собрание на Меѓународниот сојуз и ќе сфатите каква е оваа невладина организација:
Или, погледнете ја оваа фотографија, за да сфатите како е третиран Боки 13-ка од нашата владејачка елита:
Една од најважните „платформи“ со кои се занимава Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски е изградба на т.н. европски центри за возрасни лица и мобилни сервиси на териториите на македонските општини. На прв поглед, идејата е благородна, но изведбата, што ќе ја прикажеме низ договорот на НВО на Јовановски со градежното претпријатие „Пелистер“ од Битола на Силјан Мицевски, е основа за едно многу силно сомневање дека станува збор за зделки склучени со цел да се исперат пари и ништо повеќе од тоа. Секако, ја оставам можноста и Силјан Мицевски, иако искусен стопанственик, да тврди (како и специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева) дека бил злоупотребен во оваа зделка. Или дури и дека му се изнудени пари. Јас би му поверувал, но таа работа треба да ја утврди обвинителката Вилма Русковска.
Целиот текст прочитајте го на Plusinfo.mk