Германската агенција за разузнавање ќе ја истражува антиимигрантската партија АфД за да го утврди обемот на нејзините десни екстремистички ставови, објави германски весник.
Портпаролот на агенцијата за разузнавање изјави дека не може да ги потврди информациите од написот во весникот, но рече дека агенцијата ќе одржи прес-конференција на оваа тема.