Германија ја повикува владата на Венецуела, како и опозицијата да биде воздржана спрема масовните протести во земјата.
„Ги повикуваме сите во Венецуела да се воздржат од насилство“, вели министерот за надворешни работи Хаико Мас.
Тој вели дека Берлин се консултирал со членки од Европската унија за да заземе заеднички европски став во врска со скорешните настани.
Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека Вашингтон го признава опозицискиот лидер Хуан Гвидо за претседател.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ја осуди оваа одлука и рече дека неговата земја ги прекинува сите дипломатски врски со САД, при што им даде 72 часа на американските дипломати да ја напуштат земјата.