Германски државјанин на автопат во Баварија ги заборавил своите две ќерки, пишуваат германските медиуми.
Како што се наведува, тој со девојчињата патувал кон езерото Гарда по повод велигденските празници, а неговата сопруга останала дома.
„Бизарна ситуација се случила на бензиска пумпа. Девојчињата пошле до тоалетот, а кога се вратиле ги немало ни автомобилот ни нивниот татко. Девојчињата го знаеле домашниот телефонски број и успеале да стапат во контакт со мајката, преку која, пак, дошле и до мобилниот телефонски број на таткото“, наведуваат медиумите.
Полицијата ѕвонела 48 пати кај несовесниот татко, кој не се одзвал на повиците, а веќе се наоѓал во Австрија, на 170 километри оддалеченост.
Пред полицијата, на сослушување мажот изјавил дека не забележал оти неговите ќерки не се во автомобилот.