6 C
Skopje
сабота, мај 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Георгиевски до Геровски: За поголема читаност, пишете кадар на Георгиевски

    Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски му одговори на Героски на социјалните мрежи:

    „Бранко Геровски да биде поинтересен напишал Ден Дончев, кадар на Георгиевски. Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара.

    Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму каде стана генерален секретар. Како што разбрав и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија.

    Повторно се појави пред изборите 2016 и ни во една од партиите немаше расположение за него. Но ни беше наметнат од страна.

    Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Бранко Героски.

    Од изборите до пред еден месец очи му немам видено…

    Инаку по логиката на Геровски и секогаш кога пишува за Груевски може да додава „кадарот на Георгиевски“ – одговори Љубчо Георгиевски на Героски

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.