Претходниот претседател на Владата на Р.Македонија и сегашен претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски на неговата официјална фејсбук фан страна упати искрени честитки за европскиот ракометен шампион ВАРДАР.
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:
“Браво јунаци, ја направивте Македонија горда!
Изградивте тимски дух и покажавте дека кога се игра со срце може да се помине преку секоја пречка.
Искрени честитки за европскиот ракометен шампион ВАРДАР !!!