Денес не можеме да си го замислиме животот без машина за перење алишта. Меѓутоа, често забораваме дека и на таа машина ѝ е потребно повремено чистење.
Ако чувствувате дека вашата машина има непријатен мирис, време е да примените еден сјаен трик.
Најпрво, проверете го филтерот и исчистете го ако е валкан, за да не дојде до запушување и поплава.
Потоа, земете таблета која инаку ја ставате во машината за садови и ставете ја во делот за ставање детергент за перење.
Подесете го програматорот на 60 степени, а потоа пуштете ја празната машина да пере. Резултатите се сјајни. Машината одвнатре ќе биде совршени исчистена, а непријатниот мирис ќе исчезне.
Погледнете ги деталите: