Таа прекрасна љубовна симфонија која сте ја „компонирале“ со саканата личност, одеднаш престанува да свири. Се чини дека до вчера гласот на вашата сродна душа звучел како песна, а денеска ја губи убавината.

Кога сте заедно, не се чувствувате како во екстаза, а времето не е исполнето со смеа и мали радости…

Очигледно, фазата за идеализација завршила, а фикцијата и хормоните кои влијаеле на способноста на расудување, повеќе не делуваат. Се чувствувате како да сте се симнале од облаци во суровата реалност.

Како да се снајдете и да го пребродите „отрезнувањето“ и емотивното нездоволство, бидејќи љубовта уште постои?