Веселин Вујовиќ денеска го прославува својот 57 роденден. Селекторот на Словенија, кој е миленик на македонската публика, најави дека допрва може да очекуваме добри резултати од нашата репрезентација.
Хотелот „Панорама“ денеска е вистинско соѕвездие…Едни репрезентации доаѓаат, други се пакуваат и заминуваат за Вараждин. А по вчерашното реми со Германија, ништо не се променило кога е во прашање Македонија. Честитките и натаму стигаат на адресата на ракометарите, а прогнозите за следната фаза се големи.
Прв кој ни посака полуфинале беше Веселин Вујовиќ. Селекторот на словенечката репрезентација денеска го прославува својот 57 роденден. Честитки доби од Столе Стоилов и Филип Лазаров…Вујовиќ потенцираше дека Македонија има одличен стратег во името на Раул Гонзалез и дека дефинитивно е најголемо и најпријатното изненадување на Европското првенство.
„Македонија од комплетен аутсајдер направи изненадување во групата, заврши на првото место, така што сега во Вараждин поинаку ќе ја гледаат. Против Германија се плашев дека ќе се умори и дека нема да издржи, но издржаа и одиграа супер. Германија не победи ниту една од трите репрезентации со кои играше во Загреб. Во Вараждин не чекаат светски велесили, Шпанија и Данска. И со исклучок на Чешка, мислам дека другите се кандидати за медал, но не значи дека ќе стигнат до медал, тоа треба да го покажат на терен..
Сигурен сум дека Македонија ја исполни првата и основна цел, пласман во главната фаза. Имаат огромна поддршка, една добра атмосфера во репрезентацијата и одличен тренер, тоа сите го знаеме. Растоварени се, тие сега може да играат добар ракомет и да постигнат добар резултат. Сигурен сум дека ќе оставарат и две победи и дека за првпат на едно Европско првенство е се пласираат во полуфиналето, што би било историски успех и дај боже да освојат медал”, рече Веселин Вујовиќ..
Извор: спортмедиа.мк