Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе му подари на рускиот претседател, Владимир Путин, оригинален подарок – кутре од расата шарпланинец, пишува „Блиц“.
Станува збор за тримесечен мажјак од оваа раса по потекло од Шар Планина.
„Кутрето има сериозно педигре од седум генерации. Станува збор за нашата најстара автохтона раса и познато е дека претседателот Путин сака токму такви раси“, вели соговорник од претседателството.
Според него, ова е првпат претседателот на Србија да подари таков подарок.