6 C
Skopje
среда, февруари 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Вучиќ: На Путин секогаш му ја кажувам вистината, дури и кога тоа не му се допаѓа

    Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во интервју за ТАСС рекол дека Владимир Путин е лидер на голема земја, а тој на мала, но дека рускиот претседател секогаш покажува почит кон Србија.

    Србија е верен партнер на Русија, рекол Вучиќ во интервјуто, во пресрет на утршната посета на рускиот претседател на Белград.

    „Јас тоа го мислам, тоа го правам, не лажам, можеби некому не му се допаѓаат моите зборови, но мислам дека сме ѝ верен партнер на Русија. Кога ќе му го кажам тоа на претседателот Путин, тогаш ние тоа и ќе го направиме“, рекол Вучиќ.

    „И кога ќе им кажам на Вашингтон и на Брисел дека не сакаме да ѝ воведеме санкции на Русија, тоа е вистина и тоа е фер“, нагласил српскиот претседател.

    Вучиќ рекол дека рускиот претседател е многу популарен во Србија и дека голем број луѓе, кои со години сакаат да го видат, ќе се соберат само за да го видат.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.