Српскиот претседател, Александар Вучиќ, упати молба и апел до партнерите од Европската Унија повеќе да влијаат врз Приштина за да ги укине таксите. Вучиќ е дециден дека е важно да продолжат разговорите за иднината на Србите и Албанците.
„Ве молам, барањата кон албанската страна да бидат подредени и повеќе јасни“, рече Вучиќ на конференција за новинарите и порача дека Србија е секогаш подготвена да разговара.