6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Вучиќ: Без Русија нема да има никакво решение за косовското прашање

    Без Русија нема да има никакво решение за косовското прашање, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, за време на заедничката прес-конференција со рускиот претседател, Владимир Путин, кој се наоѓа во посета на Белград.

    „Пред секое решение ќе се посоветувам со Путин“, нагласи Вучиќ, пренесе „Б92“.

    Вучиќ подвлече дека на рускиот претседател му кажал оти Србија е секогаш подготвена на разговори и компромиси, но никогаш нема да може и нема да се согласи на понижување.

    „Стравувам дека некои луѓе не се подготвени на компромиси. Ние и понатаму ќе инсистираме на тоа, но нема да дозволиме да се понижува Србија“, изјави Вучиќ.

    Тој ѝ заблагодари на Русија за поддршката за зачувување на интегритетот и независноста на Србија и истакна дека е многу задоволен од напредокот на соработката на двете земји во сите области.

    На заедничката прес-конференција, рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека неговата земја ја дели загриженоста со Белград околу последните потези на Приштина за зголемувањето на таксите и формирањето на косовската армија.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.