Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа по состанокот на Трамп со висок официјален претставник на Северна Кореја во Вашингтон.
Местото на средбата ќе биде објавено дополнително, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Трамп со високиот претставник на Северна Кореја, Ким Јонг-чол, разговарал час и половина, а теми на состанокот биле денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров и новиот состанок на двајцата лидери.
Првиот состанок на Трамп и Ким се одржа минатата година во Сингапур, а тогаш беше договорена делуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.