Вработените на аеродромот во Штутгарт, Германија, успеале да спречат со летоталото кое сообраќало до Лисабон да управува пијан пилот, објави националниот дневен весник „Die Zeit“ .
Кратко пред 106-те патници да се упатат кон авионот, персоналот на аеродромот забележал дека 40-годишниот пилот се однесува чудно. Набрзо сфатиле дека тој мириса на алкохол и пријавиле во полиција, која пак потврдила дека пилотот консумирал алкохол и му издала забрана за летање.
Патниците ја поминале ноќта во хотел бидејќи немало резервен пилот на располагање за нивниот лет. Името на авиокомпанијата во која бил вработен пилотот, не е јавно соопштена.