Најмалку 30 лица загинаа, а 25 лица се исчезнати во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од поројниот дожд, кои ја зафатија централната индонезиска провинција Јужен Сулавеси.
Десет области и градови во провинцијата Јужен Сулавеси, вклучувајќи го и главниот град на Макасар, беа погодени од поројните дождови, кои принудија повеќе од 3.000 лица да ги напуштат своите домови, објави АП.
Смртоносни лизгања на земјиштето и поплавите се чести појави за време на сезонските дождови во Индонезија. Претходно овој месец 32 лица загинаа на островот Јава.