6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во поканите нагласивме без деца на свадба, тие дојдоа со дете – епа ги избркав

    Нови моди на свадбените веселби. Сега мора да се носат пари во плик, треба да знаеш да играш, да почитуваш одреден дрес код. Се оди дури до таму што на поканите се пишува и дали смеат деца да се носат на свадбата.

    На социјалната мрежа Редит, штотуку омажена девојка сподели случка од својата свадба и раскажа како ги избркала гостите оти бебето им плачело на свадбата.

    „Иако во поканите нагласивме дека не сакаме деца на свадбата, тие го зедоа своето новороденче и другото дете кое има три години. За време на свеченоста цело време мислев на тоа и се надевав дека некој ќе дојде по децата пред веселбата. Но, тие двајца и таму се појавија со децата.

    Бидејќи бебето веќе беше уплакано во црквата, а и другото дете се чинеше дека наскоро ќе заплаче, го испратив мојот свадбен организатор да види што им се намерите“, раскажува невестата.

    Гостите се налутиле поради тој потег, па почнала расправија. Тогаш невестата решила самата да се справи со тоа.

    „Ги потсетив дека на поканите јасно пишува дека не сакам деца на приемот. Жената ми се извини, а нејзиниот маж почна да се расправа со мојот сопруг. На крајот се изнервирав и им кажав дека мора да си одат“, пишува невестата во објавата.

    Извор: Galama

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.