Во пожар изгое куќата на 77-годишен прилепчанец. Како што информира полицијата, пожарот настанал чера во 10 часот на улицата „Димче Антулески“ во куќа сопственост на С.М.(77).
Од екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Од пожарот целосно била опожарена дневната соба и уште една помошна просторија со мебелот. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.