Синоќа, половина час после 22:00 часот на улицата „Првомајска“, која што води кон скопската населба Драчево, се случи трагична сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.
Во несреќата учествувале две возила „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(21) од село Батинци, Скопско, и автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(48) од Скопје.
Според очевидци, сообраќајката се случила заради неприлагодена брзина на едно од возилата, кое директно удрило во другото кое наидувало од спротивен правец.
Фото: Макфакс