Иако мнозинството граѓани се солидаризираа на овој тежок ден за сите граѓани на Македонија, без разлика на верска, етничка или национална припадност, сепак, за жал тензиите продолжуваат на овој или оној начин односно преку свои статуси со кои некој се обидува да провоцира кога најмалку е потребно.
Имено, познатиот новинар и водител Миленко Неделковски на својата ФБ страница сподели статус: Господ е голем, бава ама не заборава.
Под овој негов коментар, тој доби многу критики: Ама тебе те заборавил. Во пекол живееш. Се храниш со туѓи несреки. Се срамам што живееме во исто време и на исто место. Гаден бездушник си ти, стои во еден од коментарите.
О мајмун, не беа само албанци, имаше и македонци и турци, место да ти биде жал, ти се радуваш.
Каква гнида од човечко суштество, од тебе човек не бидува, памет не ти доаѓа, психопат еден оди лечи се, стои во коментарите.