За време на неделна служба во катедрала на југот на Филипините, се случија два самоубиствени бомбашки напади, во кои загинаа најмалку 27 лица, а 71 се повредени, јави тамошната полиција.
Агенцијата АП известува дека првиот напад се случил во близина на катедралата Јола во текот на неделната миса, а другиот се случил на влезот во катедралата во момент кога безбедносните служби пристапувале во таа област.
Истрагата е во тек, а владата соопшти дека напаѓачите ќе бидат гонети додека секој убиец не биде изведен пред лицето на правдата и ставен зад решетки.
„Законот нема да има милост кон нив“, се додава во соопштението.
Засега никој не ја презеде одговорноста за овој напад, но се претпоставува дека може да е поврзан со референдумот за автономија на регионот Бангсаморо, во кој мнозинството жители се муслимани.