Кенискиот претседател Ухуру Кенијата соопшти дека заложничката драма во луксузниот хотелски комплекс во Најроби е завршена и дека напаѓачите се елиминирани. Вооружените напаѓачи убија најмалку 14 луѓе.
Драмата траеше со часови, а при тоа се слушаа експлозии и пукотници.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шабаб, со седиште во Сомалија. Не е јасно колку напаѓачи учествувале во нападот.