6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во Македонија зголемен бројот на склучените бракови, но како да се спасат

    Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во текот на минатата 2015 година, во споредба со претходната 2014 година, е зголемен за 2,7 отсто и изнесувал 14.186 склучени бракови, а лани е забележено и незначително но сепак намалување на бројот на разводите.

    zena_maz

    Најмногу бракови, 1 844 или 13,0 отсто, се склучени во август, а најмалку – 702 или 4,9 отсто во март.

    Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,6 проценти за жените и 91,2 отсто за мажите. Во втор брак, со учество од 8,1 отсто и во трет брак, со учество 0,7 проценти, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

    Просечната возраст при склучување прв брак е 26,2 години за невестата и 29,0 години за младоженецот.

    Бројот на разводите во 2015 година бележи намалување од 0,5 отсто во споредба со 2014 година и изнесува 2 200 разведени бракови.

    Најмалку бракови, 74 или 3,4 отсто во текот на годината се разведени во август, а најмногу, 205 или 10,5 отсто, во декември.

    Според траењето на бракот, најголем број разводи – 498, се случиле од пет до девет години по склучувањето на бракот.

    Стапката на нупцијалитет, го покажува соодносот меѓу бројот на склучените бракови во текот на една година и бројот на населението на средината на истата година пресметана на 1.000 население, за 2015 година изнесува 6,9 склучени бракови на илјада жители.,

    Стапката на диворцијалитет, која го покажува соодносот меѓу бројот на разведените бракови во текот на една година и бројот на населението на средината на истата година пресметана на 1.000 население, исто така, за минатата 2015-та),изнесува 1,1 разведени бракови на илјада жители.

    Разводите, секако доведуваат и до социјални и до психички проблеми, па затоа современите општества многу внимание му посветуваат на проблемите и разликите кои водат кон престанок на бракот, особено поради рефлектирањето врз поколенијата.

    Како една од можностите да спасите нешто што навидум не може да се спаси, да инервенирате и да ги разрешите постоечките проблеми кои настануваат во текот на бракот, но секако и во секоја друга област од живеењето, на пример, подобрување на односите внатре во поширокото семејство, комуникацијата со пријателите, стресот на работа со колегите, може да одберете да добиете совет или терапија од еден од посточките методи кој постои и во нашата земја.

    Станува збор за Семејната системска психотерапија (ССП) која од со неофицијален разговор со еден од едукантите во школата која егзистира и кај нас, како и ширум светот, може во голема мера да донесе до значителни резултати во таа насока.

    Почетоците на семејната психотерапија датираат одамна, а вистинскиот почеток на овој правец, како посебен психотераписки правец е во 50-те година на минатиот век. Како предвесник на овој правец постоела потребата од зголемување на едукантите кои би добиле соодветна едукација во областа на брачното советување.

    Пионерите на овој пристап го забележале значењето на стабилноста и односите внатре во семејството за влошување или решавање на симптомите кај децата со кои работеле. Тоа го означило пресвртот од индивидуално интрапсихичкиот пристап кон интерперсоналниот, од поединецот кон поширокиот контекст, на пример семејството и менувањето на фокусот од болната единка кон болно семејство, или пореметените односи внатре во семејството.

    Хејли, еден од приврзаниците на ова учење наведува три етапи во развојот на теоретскиот пристап на семејната терапија: Првата етапа е до 1957 година кога се сметало дека симптомите на поединецот го опфаќаат само него и можат да се решаваат само во контекст на индивидуална психотерапија.
    Втората етапа започнува по 1957-та, кога терапевтите го насочуваат своето внимание кон промена на начинот на комуникација меѓу поединците и другите луѓе најмногу под дејство на теоријата на учење и теоријата на комуникација.

    Третата етапа започнува по седумдесетите години, кога се усвојуваат идеите во однос на промената на редот во организацијата во семејството, а следствено на тоа доаѓа до промена на идеите, чувствата и начините на комуникација меѓу учесниците.

    За секоја семејна терапија карактеристична е ориентираноста на интерперсоналните, односно внатрешните процеси кои се случуваат меѓу членовите на семејството, каде можат и препорачливо е , но и не мора да бидат заедно присутни на терапијата, при што се идентификуваат подрачјата на конфликти кои ги продлабочуваат нивните проблеми. Во тој процес се расчистуваат недоразбирањата, се надминуваат бариерите во комуникацијата, се неутрализираат подрачјата во кои постојат предрасуди, непријателство, обвинување и страв.

    Означениот поединец како болен од семејството или од некој друг, кој за сите се јавува како носител на проблемот, а во таа насока и причина за интервенција има сосема поинакво значење во ССП.

    Од позиција на Семејната системска психотерапија, „болниот“ е целото семејство, па оттаму и потребата тоа да се третира како една целина за добивање на најсоодветни резултати.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.