Во Кочани заразено со коронавирус е дете на возраст од 2 години и 4 месеци. Во болницата во Кочани е донесено вчера, веднаш по земањето на брисот резулатите се пристигнати, а раководството на болницата добило насоки денеска веднаш да се хоспитализира на Клиниката за инфективни болести во Скопје, пренесува „Телма“.
Директорот на кочанската болница, Александар Серафимов тврди дека медицинскиот персонал ги почитувал сите протоколи при приемот на две годишното дете.
Во кочанската болница освен на 16 здравствени работници од детското одделени по случајот со четиримесечното бебе се тестираат и други медицинска лица.
Пристигнатите резултатите се негативни за дел од тестираните, меѓу кои и за инфектологот, додека за вработените на детско одделение се уште не се пристигнати.