Во болница во американската сојузна држава Аризона, во ист период бремени се 16 медицински сестри, јави Би-би-си.
Тоа е 10 проценти од медицинскиот персонал на одделението за интензивна нега во болница во градот Меса.
Дури и пациентите започнале да забележуваат сѐ повеќе бремени сестри околу нив. По тој повод беше свикана прес-конференција, на која медицинските сестри се пошегуваа дека има нешто во воздухот и се работи за заеднички план за одмор во периодот на божикните празници.
Првата од медицинските сестри ќе се породи во септември, а последната во јануари.
Рошел Шерман, која ќе се породи следниот месец изјави дека не знаеле оти меѓу нив повеќето се бремени, додека не основале група на „Фејсбук“,