6 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2025
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во ЕЛЕМ не постоело работното место на кое бил вработен синот на Мира Стојчевска: Антикорупциска ќе ја извести Владата

    Кај шест од вкупно 18 случаи на вработувања на блиски роднини на функционери Антикорупциска утврдила дека критериумите во огласите биле местени за кандидатот што требало да биде вработен, а еден од таквите примери е вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор, во ЕЛЕМ.

    „Антикорупциска утврди дека иако во Правилникот на ЕЛЕМ се барало од нововработените да имаат двегодишно работно искуство, овој услов го немало во огласот на кој се пријавил синот на пратеничката.

    Исто така, во систематизацијата на ЕЛЕМ не постоело работното место на кое бил вработен Стојчевски, а директорот го искористил своето дискреционо право да го вработи.

    За овој случај, Антикорупциска одлучи да ја извести Владата која има ингеренции врз работењето на ЕЛЕМ, Надзорниот одбор на ЕЛЕМ и трудовиот Инспекторат“,објави НОВА ТВ.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.