Најмалку 21 лице загина, а 71 е повредено во експлозија на нафтовод во Мексико, соопштија тамошните власти.Полицијата смета дека несреќата се случила кога крадци се обиделе да украдат гориво и пробиле цевка.
Гувернерот на Идалго, Омар Фајад, потврдил дека спасувачите пронашле 21 тело.
„Постои многу жешко подрачје до кое не можеме да пристапиме и затоа мислиме дека бројот на мртви или повредени би можел да биде поголем“, рекол Фајад.