6 C
Skopje
сабота, мај 25, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во еден од најбезбедните градови во светот брутално убиена 21-годишна студентка

    Студентка од Израел на возраст од 21-година која била на размена во Австралија, убиена е во Мелбурн, соопшти локалната полиција а пренесе, Си-ен-ен.

    Полицијата од австралиската сојузна државна Викторија објави дека жртвата од израелска националност, идентификувана како Аја Масарве, била сериозно нападната.

    Телото на студентката било пронајдено делумно голо во средата во грмушки во Бундора, предградие на Мелбурн.

    Аја Масарве разговарала на телефон со својата сестра, која била во странство кога се случил нападот. Сестрата веднаш ги предупредила австралиските власти.

    Полицискиот инспектор, Ендрју Стампер, денеска изјави дека дополнителни детали за повредите на убиената нема да изнесува во јавност, од почит кон семејството на жртвата.

    „Апсолутно ужасен, страшен напад врз невина млада жена“, рече Стампер.

    Инспекторите веруваат дека маица и капа пронајдени во грмушка околу 100 метри од местото на злосторството му припаѓаат на убиецот. Стампер рече дека облеката е клучот за решавање на ова злосторство.

    „Некој во заедницата знае кој го сторил овој злостор. Некој се вратил дома во вторникот вечерта или во средата наутро, можеби прекриен со крв или без некој дел од облеката“, рекол инспекторот. „Некој знае за ова и нам ни е потребна неговата помош“, додал тој.

    Во изјавата на Универзитетот Ла Тробе, кој го посетувала Аја Масарве, пишува дека целата заедница е шокирана и тажна. Веста за смртта на студентката одекна и низ целиот Мелбурн кој е прогласен за еден од петте најбезбедни градови во светот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.