Повеќе од 10.000 ученици во Белгија денес не одат на училиште за да присуствуваат на протести против климатските промени.
Демонстрантите маршираа на ладно време и дожд, а агенцијата АП објави дека присуството на протестот било поголемо во споредба со минатонеделните собири.
Учениците носеа транспаренти со натписи „Училиштен штрајк за климата“ и „Бегаме од часови? Не, само се бориме за нашата иднина“.
Некои училишта го оправдаа отсуството на учениците.
Директорот на едно училиште, Патрик Ленкверт, вели дека образованието мора да ги претвори младите во зрели луѓе. „Со овој потег, тие покажаа дека тоа се“, изјавил директорот, а пренесе АП.
Учениците се надеваат дека маршеви ќе можат да организираат секоја недела.