Во автомобилот „киа“, со кој вчера попладнето се судри џипот „ренџ ровер“, зад чиј волан беше 97-годишниот принц Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора, се наоѓало бебе, а се случило на спореден пат на кој немало камери за мерење на бризаната на движење, изјавил сведокот на инцидентот, Рој Ворн.
Возачот Рој Ворн, кој поминувал по тој пат, во близина на имотот Сандрингам, за „Би-би-си радио 4“ раскажал дека го видел луксузниот џип на војводата од Единбург како неконтролирано се движи со голема брзина по што се превртел и завршил на другата страна на патот.
Ворн, кој му помогна на Филип да излезе од џипот, тврди дека на рацете имал крв од принцот.