6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Војдан Стојановски останува во Мора Банк Андора

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски и во наредната сезона, ќе го носи дресот на Мора Банк Андора, во најсилното национално натпреварување во Европа, шпанската АЦБ лига.

vojdan-stojanovski-1

Стојановски (29), оваа сезона е еден од најдобрите играчи во тимот, кој не успеа да се пласира во плејофот, но поради своите добри партии од раководството на тимот доби нов едногодишен договор.

Репрезентативецот на Македонија, оваа сезона, во просек по натпревар има учинок од 12,2 поени, 2,4 скока и 2,2 асистенции.

Андора сезоната 2015/2016 ќе ја заврши викендов на натпреварот со Валенсија.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.