Бран од екстремно високи температури, кои треа повеќе од една недела, ја погоди Австралија. Температурите изминативе неколку дена изнесуваа и над 50 степени, а според метеоролозите, ваквите виоки температури ќе продолжат и во следните неколку дена.
Според хрватскиот интернет-портал „Индекс.хр“, температурите од ден на ден ги соборуваат рекордите, а пет дена од минатата седмица влегуваат во десетте најтопли денови во историјата на Австралија. Екстремните температури и сушата исто така доведоа и до масовно пцовисување на голем број животни.
Australia horse deaths: Wild animals perish at dried-up waterhole https://t.co/KwNNbRekMC
— BBC News (World) (@BBCWorld) January 24, 2019
Првин се појавија информации дека повеќе од еден милион мртви риби заринкале во крајбрежните области. Потоа медиумите објавија дека топлината за само два дена убила дури една третина од лилјаците во Нов Јужен Велс.
Австралија не се сеќава на ваква топлина и суша, а доказ за тоа е и фактот што во изминатите неколку дена дошло до масовно пцовисување диви коњи.