6 C
Skopje
петок, февруари 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Воздухот во Скопје два дена по ред енормно загаден

    Присуството на ПМ10-честички во воздухот во Скопје во изминатите два дена го надмина прагот од 100 микрограми на кубен метар.

    Од Градот препорачуваат да се избегнува користењето на возила колку што е можно, а ако веќе се користат, повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило; да се користи јавниот превоз; рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено; за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ-амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал; да се користи суво и чисто дрво, без примеси од земја и отпадоци; печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот; редовно да се чистат оџаците; да се одложат сите активности на отворено и да се почитува забраната за дотур на стока во централното градско подрачје во согласност со издадените одобренија од Град Скопје.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.