Уредничката и водителка на Дневникот 2 на босанската телевизија БХТ, Светлана Топалиќ, е сменета од функцијата бидејќи на 9 јануари преку својот приватен „Твитер“ го честитала Денот на Република Српска, пренесе „Б92“.
Таа е преместена да работи на веб-страницата на оваа телевизија, а одлуката за тоа ја донел уредникот на информативната програма на БХТ, Марко Радојa.
Во Федерацијата Босна и Херцеговина, Денот на Република Српска се смета за неуставен. Како што пренеле федералните медиуми, Радојa наводно и претходно бил незадоволен од работата на Топалиќ.