ВМРО НП на екс премиерот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски добива свој претставник во македонското Собрание, пишува поглед.мк.
Имено, на вчерашниот конгрес на кој СДСМ ги соопшти кандидатите за пратеници, добитно пратеничко место доби и ВМРО НП.
Партијата на Љубчо Георгиевски има добитно место во 3 ИЕ каде што всушност е и најсилна неговата партија, а според информации од партијата кандидат за пратеник е блискиот соработник на првиот човек на партијата Љупчо Балкоски.
На својата официјална фејсбук страница поддршка даде и првиот човек на ОМ Љубе Бошковски кој сподели фотографија со Љубчо Георгиевски и напиша: ВМРО во Собрание!