6 C
Skopje
недела, април 2, 2023

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Сокот од киселите краставички не го фрлајте во мијалникот, бидејќи е многу корисен за овие 5 работи

    Дури и ако сте најголем љубител на кисели краставички, пиењето чаша од солениот сок може да ви изгледа чудно. Но, размислете двапати пред да...

    13-годишно девојче забременило и раскажало за кошмарот потоа, апелирајќи до родителите

    Тинејџерка која забременила на 13 години, зборувала за кошмарот низ кој поминала кога ја дознала веста. Меди Ламберт од Форт Ворт, Тексас, ја раскажа својата...

    Љубовта на бабата е непроценлива во воспитувањето на децата

    Љубовта на бабата е бесценета Бабата ги сака своите внуци со длабока, нежна, искрена и совршена љубов. Оваа љубов никогаш не исчезнува. Кинезите сметаат дека таквата...

    Срцето ми се згрчи од тага кога ја видов мојата постара соседка како моли за леб на вересија

    Неодамна бев сведок на една многу непријатна случка која длабоко ме потресе. Живеам во соседството на една постара жена. Тетка Мима е пријатна, добредојдена,...

    ВМРО-ДПМНЕ не нуди алтернатива, продолжува да игра на картата за спас на името

    ВМРО-ДПМНЕ, очигледно, продолжува по патот што го трасира екслидеорт на партијата, Груевски, продолжува да игра на картата за спас на името. Раководство на партијата, кога се гласаа уставните измени, реши да молчи. Се затвори во партиските простории, а до јавноста стигаа информации дека се одржуваат состаноци со органите на партијата. На денот на промената на името немаше поддршка ниту на протестите што ги организираше Македонија блокира. По изгласувањето, лидерот на партијата Мицкоски даде изјава во која побара избори, за спас на Македонија, односно за спас на името.

    „ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните на Македонија не го подржаа овој договор. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да се исправи во иднина оваа неправда“, изјави Мицкоски.

    Со слична изјава се јави и потпретседателот на партијата Александар Николовски, кој рече дека со Грците бил воможен договор без да се менувало името.Тој додаде дека кога ќе дошле на власт, ќе го поништеле Договорт од Преспа.

    „Возможно е Македонија да е дел од ЕУ и НАТО и во исто време да не треба да се промени Уставот, со цел промена на името, тоа е возможно со силна дипломатија и експерти покрај себе. Се е менливо и минливо во животот и во таа насока мислам дека силна дипломатија пропратена со експерти може да го направи тоа“, изјави Николовски.

    Се поставува прашањето, зошто тогаш ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години, додека беше на власт не успеа да го реши спорот со името, во корист на Македонија. Екс Премиерот Груевски тврдеше дека црвените линии на Макеоднија се неменување на уставот, идентитетот и јазикот. Бараше меѓународна поддршка Грција да ја деблокира Македонија.

    „Ситуацијата може да биде деблокирана ако Грција дојде под притисок од земји како САД, Германија и Франција. Но, ако не дојде до ова, тогаш тоа нема да се случи”, изјави Груевски во 2013.

    Но, Груевски не ја доби меѓународната поддршка и спорот со името остана на статус-кво. Во целиот овој период, од 10 години не се гледаше решение на повидок.

    На последните парламентарни избори целата камапања на ВМРО-ДПМНЕ, беше во патриотски стил при што главни теми беа неменување на името и не -двојазичност на целата територија на државата. Но, партијата не успеа да осигура мнозинство од 63 пратеници како што очекуваше, за да ги одбрани како што тврдеше уставот и идентитетот и јазикот.

    Сегашното раководство, повторно бара избори при што реториката за придобивање гласачи би била да се спасува Македонија. При тоа ВМРО-ДПМНЕ не кажува каков е планот за решение со Грција, доколку го поништат како што велат договорот на Заев и Ципрас од Преспа. Надежта на опозицијата за добивање на изборите е огорченоста на народот, по оваа срамна одлука како што ја нарече Мицкоски.

    „Не бараме избори да победи ВМРО-ДПМНЕ , туку да престане Македонија да губи“, изјави тој.

    ВМРО-ДПМНЕ, за сега не кажува и како ќе делува како опозиција во наредните две години , доколку не се распишат предвремени избори. Останува, да почекаме , дали и каков план има партијата, односно дали ќе продолжи со протести, ќе има порадикални мерки за притисок до власта или пак ќе се помири со идејата да биде опозиција во наредните две години со што ќе има време за консолидирање на редовите во партијата….

    Latest Posts

    Сокот од киселите краставички не го фрлајте во мијалникот, бидејќи е многу корисен за овие 5 работи

    Дури и ако сте најголем љубител на кисели краставички, пиењето чаша од солениот сок може да ви изгледа чудно. Но, размислете двапати пред да...

    13-годишно девојче забременило и раскажало за кошмарот потоа, апелирајќи до родителите

    Тинејџерка која забременила на 13 години, зборувала за кошмарот низ кој поминала кога ја дознала веста. Меди Ламберт од Форт Ворт, Тексас, ја раскажа својата...

    Љубовта на бабата е непроценлива во воспитувањето на децата

    Љубовта на бабата е бесценета Бабата ги сака своите внуци со длабока, нежна, искрена и совршена љубов. Оваа љубов никогаш не исчезнува. Кинезите сметаат дека таквата...

    Срцето ми се згрчи од тага кога ја видов мојата постара соседка како моли за леб на вересија

    Неодамна бев сведок на една многу непријатна случка која длабоко ме потресе. Живеам во соседството на една постара жена. Тетка Мима е пријатна, добредојдена,...

    АКТУЕЛНО

    Трагедија дома: Два питбула уби ле 2-годишно девојче и нејзиниот 5-месечен брат пред очите на нивната мајка

    Трагедија се случила во предградијата на американскиот град Мемфис, пишува NBC. Две кучиња ги нападнале и ги убиле децата на семејството кое ги одгледувало. Повредена...

    Во следните 20 години, ОВИЕ 9 земји ќе исчезнат од лицето на Земјата – погледнете ја црната листа!

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал светот доколку некои земји престанат да постојат? Дали некои земји треба да ги проголтаат другите? Многу...

    Искрена исповед на мајка од Скопје: Мамо ти ми викаш да се женам, а ние немаме ниту нов

    Ова е приказна на жена кој искрено ја раскажува својата приказна поради економската состојав во која таа а и многу други граѓани живеат многу...

    Направете го ова и сметките за вода ќе ви се намали

    Заборавете на убава топла када кога можете само да се бањате. Ова значително ја намалува сметката за вода. Сепак, можете да го направите ова...

    СТАРО ВЕРУВАЊЕ, ОДБИВАЊЕТО НА КУМСТВО СЕ СМЕТА СО ГОЛЕМ ГРЕВ: Ако го направите тоа, ве чекаат вакви последици!

    Да се ​​избере некого за кум е голема одлука, а од друга страна е многу голема одговорност кога некој ќе не избере нас за...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.