6 C
Skopje
понеделник, април 15, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВМРО-ДПМНЕ не исклучува бојкот на претседателските избори

    Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ нема конечен став за бојкот на претседателските избори што ќе се одржат на 21 април. Од партијата велат дека идните чекори ќе зависат од дејствувањето на СДСМ и на ДУИ.

    „Претпоставувам дека реферирате на нешто што вчера беше објавено, а за што можам да кажам дека беше грубо злоупотребено за дневнополитички цели. Во моментот ги разгледуваме буквално сите опции што ќе ги објавиме и, нормално, ќе пресечеме кога ќе имаме одговор од власта во однос на нивното понатамошно дејствување“, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира претседателските избори ако не се прифати со нив да се одржат и предвремени парламентарни избори.

    На прашањето дали бојкотот е опција, Јанушев рече дека сите идни чекори ќе зависат, пред сè, од дејствувањето на СДСМ и ДУИ, односно од страна на владејачката гарнитура.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.