СДСМ се плаши од предвремени парламентарни избори бидејќи за овие 2 ипол години ништо не направи, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов.
„Доколку СДСМ има дилеми околу одлуката на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, нека ја поддржи и нека излезе на избори. Така Заев ќе спречи понатаму да се бламира портпаролот Костадинов повикувајќи се на дезинформации. Вистината за СДСМ е болна и заради неа Заев бега од избори. Економијата стагнира, пензиите не растат, реформи во образование нема, а во здравство владее хаос.
Ветуваа плата од 500 евра, а граѓаните добија ветување дека Заев ќе носел железни опинци.
Ветуваа 600 километри патишта, а не можат да ги завршат ниту започнатите од време не ВМРО-ДПМНЕ.
Време е граѓаните да го тргнат црнилото, за да изгрее зора над Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.