Кога со влажните марамчиња ќе го истриете лицето,особено во делот околу очите и устата, вие ја растегнувате кожата што може да предизвика прерана појава на брчки.
Иако по состав тие се слични со гелот за отстранување шминка, сепак содржат и алкохол. Затоа користете ги само кога е неопходно, на патување или во фитнес-центар.
Експертите предупредуваат дека влажните марамчиња би требало да ги избегнуваат лица кои имаат сува и чувствителна кожа, затоа што и најмала иритација може да предизвика воспаление.
Ако сте навикнати на овој брз и едноставен начин на чистење на лицето, избегнувајте го делот околу очите и устата. По користење, задолжително измијте се и нанесете хидратантен крем.